Казни за оние што нема да поднесат барање за легализација

Bez autora
Jul 24 2011

Граѓаните да не го чекаат последниот ден за да поднесат барања за легализација на дивоградбите, бидејќи сериозно размислуваме да не се продолжува рокот кој истекува на 3 септември и да има парични санкции за тие што нема да поднесат барање согласно Законот. Таков апел упати министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, од Радовиш, каде што со градоначалникот Роберт Велков доделија решенија за утврдување на статусот на бесправно изградени објекти. Сериозно размислуваме да не го продолжиме овој рок и да има парични санкции за лицата кои не поднеле барање, бидејќи самото поднесување на барањето не е подолго од три минути. Ги повикувам сите градоначалници да формираат тимови, кои од куќа во куќа, од фирма во фирма, на терен, дополнително ќе им го објаснуваат процесот на граѓаните и ќе им помагаат за тоа.

Казни за оние што нема да поднесат барање за легализацијаГраѓаните да не го чекаат последниот ден за да поднесат барања за легализација на дивоградбите, бидејќи сериозно размислуваме да не се продолжува рокот кој истекува на 3 септември и да има парични санкции за тие што нема да поднесат барање согласно Законот.

Таков апел упати министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, од Радовиш, каде што со градоначалникот Роберт Велков доделија решенија за утврдување на статусот на бесправно изградени објекти.

- Сериозно размислуваме да не го продолжиме овој рок и да има парични санкции за лицата кои не поднеле барање, бидејќи самото поднесување на барањето не е подолго од три минути. Ги повикувам сите градоначалници да формираат тимови, кои од куќа во куќа, од фирма во фирма, на терен, дополнително ќе им го објаснуваат процесот на граѓаните и ќе им помагаат за тоа - изјави Јанакиески.

Според градоначалникот Велков процесот за легализација во Радовиш се одвива непречено, а секојдневно се доделуваат решенија за завршени предмети. Досега до радовишката општинска администрација се поднесени 950 барања за легализација на дивоградби.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik